Кристијано Роналдо ја доби наградата од FIFA за најдобар играч

Вчера на доделувањето на Best FIFA Football Awards во Лондон, Кристијано Роналдо се појави со неговата бремена девојка Џорџина Родригез и синот Кристијано Џуниор.

Пишува: Црнобело

Ривалот на Роналдо, Лионел Меси, исто така дојде со неговата прекрасна сопруга Антонела Рокуцо.

За наградата се бореа Роналдо, Меси и Нејмар, а таа отиде во рацете на ѕвездата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо.



Легендарниот Кристијано ја доби наградата по постигнати 44 гола и 48 појавувања во 2017, од кои 33 за Реал Мадрид и 11 за Португалија.

Роналдо одржа краток говор во кој им се заблагодари на соиграчите, на тренерот и на сите кои го поддржувале во текот на цела година.

No comments

Powered by Blogger.