Земја која е сè уште во среден век: Последното парче од европското тло во кое владее вистинска монархија

Пишува: Точка

Кнежевството Лихтенштајн е најбогатата земја на светот, кога ќе се земе предвид номиналниот БДП по глава на жител, но таа сè уште е обвиена со велот на мистеријата.

Таа не е членка на Европската унија и мудро се држи подалеку од светската политика, ретко се споменува во медиумите иако е туристички центар, а нејзината владејачка фамилија сè уште живее во замок кој бил изграден во 12-тиот век.



Лихтеншајн е една од само двете светски земји којa е двојно опкружена со копно: не само што не излегува на море, туку ни земјите кои ја опкружуваат немаат пристап кон морскиот брег (друга таква земја е Узбекистан).

Опкружена со Швајцарија и Австрија, со само 37 илјади жители и стапка на невработеност од безначајни 1,5 отсто, Лихтенштајн е уставна монархија во која кнезот и понатаму има многу високи овластувања, и држава која на листата на Обединетите Нации се наоѓа на првото место што се однесува до номиналниот БДП по глава на жител.



На некој начин може да се каже дека оваа земја е последниот “легален” остаток од Светото Римско Царство кое исчезнало пред два века.

Царот Карло VI во 1718 година го создал ова кнежевство во чест на “својот верен слуга, Антон Флоријан фон Лихтенштајн”, спојувајќи ги териториите на Вадуц и Шеленберг.

Со тоа, кнежевството Лихтенштајн (што на германски значи “светол камен”) од самиот почеток на своето постоење била суеверена членка на Светото Римско Царство, во империјална непосредност, што значи дека помеѓу кнезот и царот не постоел ниту еден друг владетел.



Во текот на бурниот 19 век, кнежевството успеало да ја задржи својата независност под заштита на Австриското царство, а кога тоа исчезнало во форма на Австро-Унгарија со завршувањето на големата војна, кнежевството се поврзало со Швајцарија со која и денес е во монетарна и царинска унија.

Интересно е тоа што Куќата Лихтенштајн сметала дека е “срушениот” австроунгарски император Карл и понатаму бил носител на апстрактното наследство на Светото Римско Царство, па на некој начин оваа приказна за кнежевството како последен остаток од таа псевдо-империја тоа и го потврдува.

Покрај тоа, секако факт е дека кнезот по устав има поголеми овластувања отколку било кој друг монарх во Европа (дури и по реформите во 2003 година со кои уставот од 1929 година е заменет со подемократски устав).



Кнезот на Лихтенштајн е шестиот најбогат монарх на светот со проценето богатство од пет милијарди долари. Официјалното седиште на кнезот на Лихтенштајн е замокот Вадуц кој се наоѓа на висока карпа над истоимениот град, кој е воедно и престолнина на оваа малечка земја.

Замокот изгледа како да излегол од среден век, што всушност е и вистина: најстарите делови се донжон-кулата и делови од источната страна кои се подигнати уште во 12 век од страна на тогашниот сопственик, грофот од куќата Верденберг-Сарганс. Од средниот век веројатно е и капелата Света Ана.

Она што е интересно е што овој замок не е отворен за јавноста и е невозможно да се посети бидејќи кнежевското семејство сè уште живее во него – да, добро прочитавте: постои владетелско семејство во Европа кое сè уште живее во средновековен замок.


И покрај фактот што оваа земја е центар на туризмот од кој поедично има најголеми приходи, постојат и други економски гранки кои помагаат во помала мера. Покрај туризмот, приходите доаѓаат и од собирање на даноците кои се многу ниски поради што Лихтенштајн спаѓа во мала група на земји кои имаат повеќе регистрирани компании отколку жители. Всушност, по Втората светска војна, оваа држава била во ужасна економска состојба – кнезовите морале да ги продаваат своите имоти, а токму ниските даноци ги спасиле.

Покрај замокот Вадуц, постојат и други замоци во оваа држава кои се во сопственост на династијата, но само еден од нив е целосно сочуван. Станува збор за замокот Гутенберг на брдото над градот Балкерс; овој замок е отворен за јавноста и служи како музеј.

No comments

Powered by Blogger.