Полицијата сè уште нема приведено никого за вчерашното убиство

Пишува: Точка

Му пришле пред влезот од неговата зграда, го застрелале и веднаш побегнале оставајќи го пиштолот зад себе. 4 до 5 куршуми завршиле во главата и во вратот на 28 годишното момче. Случајни минувачи притрчале да му помогнат и веднаш со автомобил го однеле во Градската хируршка болница, но било предоцна, објавува Алфа.

Дежурниот јавен обвинител издаде повеќе насоки и наредби за преземање на потребни дејствија, меѓу кои за прибавување на податоци, обезбедување на траги од лице место и за обдукција на починатото лице. Соседите велат дека сè се случило многу бргу – ги чуле истрелите и додека сфатиле што се случува сè било веќе завршено. Неофицијално, убиството го извршиле двајца, а идентитетот на еден од нив и е познат на полицијата. Тие засега се во бегство.

Телевизијата објавува дека додека нема никакви официјални информации јавноста веќе почна да плете приказни за целиот случај – дека убиеното момче наводно имало криминално досие и било поврзано со подземјето, но и дека неговиот брат неодамна бил назначен за командир во единицата Алфа.

- Се шпекулира дека целиот инцидент може да е поврзан и со новата агенција за обезбедување која се појави неодамна, а за која предупреди колумнистот Сашо Ордановски. Молкот во МВР ги подгрева ваквите приказни – за вчерашното убиство, пак, очевидците кои беа и премногу исплашени да говорат пред камера велат дека ги потсетило на Белград во 90-тите, дека им се чини како во Скопје да почнуваат да се случуваат мафијашки пресметки на сред улица и пред кафулиња, објави синоќа Алфа телевизија.




Кој е убиениот фудбалер Мартин Јанушев?

28-годишниот Мартин Јанушев кој синоќа со неколку истрели во главата беше убиен пред кафулето „Ред кафе“ во Аеродром спортската јавност го памети последно како играч за фудбалскиот клуб Локомотива.

Мартин е роден на 28.07.1989 во Скопје. Последен пат има играно за Локомотива, а претходно во Маџари Солидарност и 11 Октомври, пишува СпортМ.

Според информациите од Министерството за здраство, Мартин бил донесен на Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“-Скопје, без знаци на живот.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје го раководи увидот на лице место во скопската населба Аеродром.
2
Според неофицијални информации, во Мартин Јанушев пукал негов пријател кој и од порано и е познат на полицијата, по серија најтешки кривични дела за кои одлежувал и затворска казна.

No comments

Powered by Blogger.