Нов секс скандал во Холивуд! Манакенка открила што сè барал модниот фотограф од нив

Пишува: Точка

Тери Ричардс е името на славниот фотограф кој соработувал со Ријана, Бијонсе, Ким Кардашијан, Иванка Трамп и многу други славни дами. Сега, тој се соочува со сериозни проблеми, односно обвинет е за сексуално насилство кон славните дами во Холивуд.

Холивуд сè уште не се опоравил од скандалот со Харви Вајнштајн, па сега го тресе уште еден нов секс скандал. Овој пат е обвинет славниот фотограф Тери Ричардс за сексуално вознемирување.

Наводно, се зборува дека фотографот започнал сексуално да ги искористува жените од 2008 година, а еден анонимен извор вели дека Вајнштајн е "Бамби" во споредба со Ричардс.



Лејди Гага изјавила дека зажалила што воопшто соработувала со Тери, а позната е и фотографијата на плажа со Кејт Мос, каде Ричардс гол ја фотографира Кејт која позирала во долна облека.

"Сакал да го нарекуваат "Чичко Тери" и самиот се фалел дека имал сексуални односи со многу девојки кои му позирале. Да бидеме искрени, имате некој пред вас кој така изгледа, па тешко е да не ја злоупотреби својата моќ", вели анонимен извор. Обвиненијата пристигнуваат од социјалните мрежи, а неодамна се огласила и манакенката Ана дел Гајко (32), која опишала што ѝ се случувало со Тери.



"Бевме на снимање и одеднаш го изваде пенисот. Сакаше орален секс па дури и да го снима. Бев во шок и сакав само да побегнам", тврди Ана.

Набрзо, уште две манакенки објавиле непријатни ситуации со Ричардс, Џејми Пек и Сена Кеч, а исто така излегол и разговор со 17 годишна девојка во кој девојката му вели дека не сака да има секс со него, а тој ѝ одговорил дека можат тоа да го направат и во ресторан за брза храна.

После овие обвиненија, Тери останал без многу ангажмани, односно соработките на "Vogue", "Vanity Fair", "GQ" со славниот фотограф се прекинати.



Фотографот подоцна се огласил и ги демантирал сите обвиненија против него.

"Сите обвиненија доаѓаат преку коментари на Инстаграм и немаат никаква врска со вистината. Кон сите вас имав голема почит. Никогаш не си ја искористував работата за да присилам некого на нешто што не сака да го прави", изјави неодамна Ричардс.



Со оглед на неговото детство и родители, можеби не е чудно што тргнал во погрешен правец. Тој е роден во Њујорк каде го поминал детството во боемски начин на живот. Неговата мајка била глумица, а неговиот татко моден фотограф. Во најраното детство, тие го оставале сам и оделе на забави со славните ѕвезди, меѓу кои нивни добри пријатели биле членовите од бендот "The Rolling Stones".

Тери за прв пат пробал дрога на само девет години, а се обидел да се самоубие на 14 години кога испил разни таблети. После тоа, преминал на хероин од кој подоцна се откажал откако се предозирал во 2001 година.

No comments

Powered by Blogger.