Продал сè што има и купил Биткоини: "Луѓето ми велат дека сум луд, но за 5 години..."

Пишува: Точка

39-годишниот Холанѓанец, Диди Тајхути, одлучил да ја продаде куќата - за Биткоини - и живее со семејството во камп во близина на Венло, во покраината Лимбург.

Од заработката купува Биткоини и други криптовалути, бидејќи е уверен дека еден ден ќе се збогати.

"Луѓето ми велат дека сум луд, но ние сме семејство кое сака авантури. Малку ќе се коцкаме и ќе живееме скромно. Животот е здодевен ако не ризикувате", вели тој.

Тајхути верува дека дигиталните пари како Биткоините и блокчејн технологијата, која стои зад нив, ја менуваат улогата на парите и банките во општеството.

"За пет години, сите ќе кажат: "Тоа можеше да се очекува". Јас сега реагирам на таа промена", вели Тајхути.

Заедно со сопругата, минатото лето донел радикална одлука да го продаде целиот имот. Брачниот пар и нивните три ќерки само што се вратиле од 9-месечно патување по Азија и Австралија, каде често среќавале луѓе кои користат дигитални пари, меѓу кои има и берзански трговци, со кои останал во контакт.

"Тие имаат искуство во трговијата, а тоа е тоа што мене ми недостасува", вели тој.

Тајхути е во овој бизнис од 2010, кога вределе помалку од едно евро.

"Јас сум бизнисмен. Кога прв пат слушнав за биткоин, реков: "Ајде да се обидеме".

Семејството се навикнало на новиот начин н аживот. Нивната луксузна четирисобна куќа од 200 квадрати е заменената со камп-куќа. Трите ќерки на Тајхути, кои имале посебни соби, сега спијат заедно во една".

Брачниот пар ќе продолжи така до 2020. година, кога, се надева Тајхути, Биткоинот ќе стане незаменлив, а неговата вредност ќе биде неколку пати поголема.

No comments

Powered by Blogger.