Шок во ЕУ! Една земја одлучила да ја признае Каталонија? Ако го направи тоа, отворено ќе се спротивстави на Унијата

Пишува: Точка

Пратеникот од Лапонија, Мико Карна, најавил, имено, дека финскиот парламент ќе поднесе предлог да ја признае ново-настанатата држава.

Карна, кој е од редовите на владејачката Партија на центарот, која ја предводи премиерот Јоха Сипила, и честитал на Каталонија откако регионалниот парламент во петокот изгласал отцепување од Шпанија.

Ако Финска официјално ја признае Каталонија како нова држава, тоа би било само уште еден удар за ЕУ, која силно го поддржала единството на Шпанија, наведува лондонски Daily Express.



"Ако Финска ја признае Каталонија, со тоа би се спротивставила на ЕУ и нејзиното одбивање да го признае новиот статус на тој регион", пишува Daily Express.

Истовремено, укажува лондонскиот дневник, претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, предупредил дека се појавиле "пукнатини" во рамките на ЕУ поради потресот во Каталонија, кои доведуваат до расцепување во Унијата.




Шкотската влада исто така пратила порака за поддршка, наведувајќи дека Каталонија "мора да има" право да ја одреди сопствената иднина.

Шкотската влада соопштила дека "го почитува и разбира" ставот на каталонската влада, а централната влада во Шпанија ја критикувала поради одбивање на дијалог.



Daily Express пишува дека и Аргентина би можела формално да ја признае Република Каталонија.

Левичарскиот пратеник на аргентинските социјалисти, Хуан Карлос Џордано, кој ја застапува провинцијата Буенос Аирес, рекол дека во парламентот ќе поднесе предлог таа јужноамериканска држава да ја признае Каталонија.





No comments

Powered by Blogger.