Кој најмногу заработува на дневно ниво?

Пишува: Fashionel

Честопати благодарение на листите на „Форбс“ имаме можност да видиме кои се најбогатите личности на светот, или кои се најплатените актери и актерки и слично.

Овој пат, „Дејли Мејл“, одлучи да сподели листа со заработувачката на познатите на дневно ниво.

Во продолжение погледнете и кој се најде на неа:

Бил Гејтс – 9.3 милиони долари

фото извор: fortune.com

Очекувано или не, Бил Гејтс е на првото место. Еден од основачите на „Мајкрософт“ минатата година остварил заработка од 3.4 милијарди долари, па затоа и ваквата пресметка на дневно ниво не треба да нè изненадува.

Парите најчесто ги троши на патувања со семејството.

Џоен Роулинг – 260.732 долари

фото извор: businessinsider.com

Авторката на „Хари Потер“ заработува од книгите, филмовите, комерцијални производи, шоу-а.... „Форбс“ според листата од минатата година, на годишно ниво заработува околу 9.1 милион долари.
Со сопругот и трите деца живее во Единбург, а неодамна го купи и домот на соседот, за да има поголема градина. Исто така, ја продаде и јахтата и купи имот во Австралија.

Адел – 189.329 долари

cnn.com

Третиот албум на Адел ѝ донесе 21.7 милиони долари (минатата година). Ако му веруваме на „Форбс“ 29-годишната пејачката во 2016 заработела вкупно 69.1 милион долари.

Адел поседува две куќи во Кенсингтон, во близина на семејниот дом, и уште две во Хоув. Исто така, поседува и куќа во Лос Анџелес. Инаку, нејзиниот сопруг, 43-годишниот Сајмон Конецки е мултимилионер, а со него го има и синот Анџело (4).


Дејвид Бекам – 178.509 долари

фото извор: Pinterest.com

На листата го има и поранешниот фудбалер Дејвид Бекам, кој после спортската кариера богатството го потпомогна благодарение на бројните кампањи во кои се најде како заштитно лице. Само од авторски права на фотографии минатата година заработел 16.7 милиони долари, а на годишно ниво, неговата заработувачка се проценува на 65.1 милион долари.

Затоа и не е никаков проблем да се купи нов дом вреден 7.8 милиони долари, кој има неколку посебни делови за разни активности. Едниот од нив е посветен за балетските часови за малата Харпер.

Елтон Џон – 164.841 долари

фото извор: thesun.co.uk

Минатата година богатството на Елтон Џон било проценето на 60.1 милион, а најголем дел од тоа е резултат од живите настапи, како на пример оние во Лас Вегас , или за кралското семејство, како и приходите од новиот албум. Инаку, Џон работи и на неговата автобиографјиа, како и на мјузикл за Бродвеј, што уште повеќе ќе го зголеми неговото богатство.

Инаку, тој и неговиот парнер Дејвид имаат два сина и неколку дома и тоа во Лондон, Виндсор, Лос Анџелес, Атланта и Ница.

Ед Ширан – 101.335 долари

фото извор: popsugar.com

Создавачот на дел од најголемите хитови во последно време минатата година остварил заработка од 36.9 милиони долари. Во тоа секако му помогнал и успехот на неговиот последен албум.

На „Форбс“ листата се појавува во 2015 година. Голем дел од парите ги вложува во музика, а минатата година на хуманитарна аукција купи статуа од него како прасе, вредна 8.160 долари.

Џенифер Лоренс – 65.634 долари

фото извор: popsugar.com

Оскаровката минатата година оствари заработувачка од 23.9 милиони долари на годишно ниво. Освен успешните филмски соработки, за богатството придонесува и ангажманот за модната куќа „Диор“.

Џејмс Корден – 7.211 долари

фото извор: billboard.com

За неговото шоу, Џејмс Корден е платен 2.6 милиони долари на годишно ниво. Минатата година за „Билборд“ изјави дека неговото шоу е најмалку платеното во историјата на ТВ. Но, оваа плата ја подобрува благодарение на успехот на „Carpool Karaoke“, како и водителската улога на бројни шоу-а.

Инаку, во Лос Анџелес поседува куќа вредна 9.2 милиони долари, која ја дели со сопругата Џулија.

Принцот Вилијам – 6.996 долари

фото извор:cnn.com

Можеби многумина се изненадени, но да, за разлика од другите, принцот Вилијам заработува многу помалку. За привремената работа како пилот, тој имал плата од 56.917 долари на годишно ниво.

Но, од наследството на мајка му на годишно ниво зема 394.885 долари, а Чарлс на Вилијам и Хари им дава по 2.1 милиони на годишно ниво.

Тереса Меј – 542 долари

фото извор: cityam.com

Годишната плата на премиерката на Британија изнесува 197.971 долари, од што се доаѓа до скромните 542 долари на дневно ниво во споредба со остатокот од листата.

Парите најчесто ги троши на дизајнерски чевли, како и на модните детали.

No comments

Powered by Blogger.