Докторите предупредуваат: Престанете со користење на тоалетна хартија

Време е тоалетната хартија да ја замените со влажни марамчиња или биде.

Пишува: Црнобело

Користењето тоалетна хартија не ги чисти сосема нашите задници и тоа може да предизвика здравствени проблеми.

И додека луѓето во некои земји како Јапонија и Турција користат биде за да се измијат, луѓето во земјите како Македонија, Америка и Велика Британија користат тоалетна хартија по посетата на тоалетот.

Но, сега докторите предупредуваат дека бришењето со тоалетна хартија остава фекалии што може да предизвика проблеми како воспаленија на анусот и уринарниот тракт.

„Непријатна е помислата дека милиони луѓе се шетаат наоколу со нечисти ануси мислејќи дека се чисти. Тоалетната хартија само ги поместува, но не ги отстранува сосема фекалиите.“, вели Роуз Џорџ, авторот на книгата „The Big Necessity: The Unmentionable World of Human Waste and Why It Matters“.

Идејата на Џорџ е сите да ја заменат тоалетната хартија со влажни марамчиња.

„Земете чоколадо, намачкајте го на дрвен под и потоа обидете се да го исчистите со суви пешкири. Пукнатините на дрвото ќе ги наполните со чоколадо. Токму затоа ви се потребни влажни марамчиња“, додава таа.

Но, чистотата не е единствената причина зошто луѓето треба да размислат за алтернативи на тоалетната хартија. Агресивното бришење може да предизвика болка на анусот, па дури и хемороиди. Исто така, луѓето кои се бришат од назад кон напред ги носат бактериите напред и страдаат од сериозни инфекции.

Запомнете дека ако користите биде или влажни марамчиња, бактериите ќе бидат сосема отстранети од вашето тело.

No comments

Powered by Blogger.