Опасна грешка: Саудијците го казнија свештеникот кој рече дека жените имаат четвртина мозок

Пишува: Точка

На саудискиот свештеник кој што изјави дека на жените не треба да им биде дозволено да возат затоа што имаат четвртина мозок од мажот, од денес му е забрането да држи верски обреди.

Саад Ал Хиџири е суспендиран од сите верски активности во јужната саудиска провинција Асир, откако неговите зборови предизвикаа лавина на реакции на социјалните мрежи во оваа ултраконзервативна земја каде што се применува строга верзија на Исламот.

На видеото на кое што Хиџири се претставува како висок верски претставник, тврди дека жените обично имаат „половина од мозокот на мажот“, но немаат повеќе од „четвртина“ кога одат на шопинг, па затоа не треба да им биде дозволено да возат автомобил.

Хиџири подоцна се правдал дека станува збор за лапсус, но неговите зборови биле жестоко осудени од активистите за правата на жените, но и од некои поконзервативни кругови во Саудиска Арабија.

Инаку, во Саудиска Арабија и ден денес, во 21-виот век жените немаат право да возат автомобил, а на јавните места мора да се држат што подалеку од сите мажи кои што не се дел од нивното семејство. Во рестораните има одвоени делови за семејствата и за мажите кои што не се оженети.

No comments

Powered by Blogger.