(ВИДЕО) Аудиоснимка од мистериозните „акустични напади“ врз американската амбасада на Куба

Пишува: Точка

„Асошиејтед прес“ објави снимка од акустичниот напад што кај вработените во Амбасадата на САД во Хавана предизвика здравствени проблеми.

Најмалку 21 лице до Амбасадата на САД се пожалија на здравствени проблеми поради овие звуци. Синдикатот на вработените во американската дипломатска служба соопшти дека некои од жртвите претрпеле полесни повреди на мозокот, како и трајно оштетување на слухот. Жртвите се жалат и на губење на рамнотежата и тешки главоболки.

АП денеска објави една од варијациите на аудиозаписот што го слушале вработените во Амбасадата. Оваа снимка е дигитално засилена, со цел да биде погласна и за да се намали позадинската бучава, но освен тоа не е менувана.

Звукот е со исклучително висока фреквенција, но изворот на звукот сè уште не е познат.

Според експерти, слушањето на звукот преку звучници од компјутер или мобилен телефон не предизвикува никакви лоши реакции кај слушателите. Вработени во Амбасадата на САД пријавиле дека звукот се слушал екстремно силно.

Куба демантира дека нападите воопшто се случиле. АП нагласува дека самиот звук е составен од 20-ина различни фреквенции, што е потврдено од експерт.

No comments

Powered by Blogger.