Пике и Шакира прекинале поради неговиот страшен порок?

Пишува: Точка

Шпанските таблоиди уште од крајот на септември пишуваат дека Шакира и фудбалерот на Барселона, Жерар Пике, ја прекинале долгогодишната врска.

Наводно пејачката се преселила од заедничкиот стан во Барселона, а последен пат биле заедно видени на свадбата на Меси во Аргентина.

Наводно таа вечер Пике ја напуштил прославата и отишол да се коцка во казино во близина, па во ветер за помалку од половина час фрлил 15.000 долари.

Страста за коцкањето веќе некое време е јавна тајна во Барселона, а кружат и гласини дека челните луѓе на клубот најмиле луѓе да го следат Пике поради неговиот порок.

No comments

Powered by Blogger.