Ким Јонг Ун посетил фабрика за козметички производи: Но, во центарот на вниманието не бил тој, туку двете најмоќни жени во Северна Кореја

Пишува: Точка

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун посетил фабрика за козметички производи во придружба на неговата сопруга и неговата сестра, соопштија од севернокорејската државна новинска агенција "KCNA".

За време на посетата на фабриката во Пјонгјанг, Ким Јонг Ун ги пофалил производите кои што имале квалитет на „меѓународно ниво“ и кои што овозможуваат „исполнување на сонот на секоја жена да биде најубава“.

"KCNA" објави фотографии од посетата на севернокорејскиот лидер заедно со неговата сестра Ким Јо Јонг, висока претставничка на единствената партија во земјата и неговата сопруга Ри Сол Ју.

Сестрата и сопругата на Ким Јонг Ун се сметаат за најмоќните жени во Северна Кореја која што е длабоко патријархална земја. Од доаѓањето на Ким Јонг Ун на власт на почетокот на 2011-та година, тие често го следат за време на неговите службени посети ширум земјата, за разлика од неговите претходни девојки кои што никогаш не се појавуваа во јавност.

Ри, поранешна пејачка е позната во Северна Кореја по нејзиниот вкус за висока мода. Таа има три деца со Ким Јон Ун. Од друга страна, сестрата на севернокорејскиот диктатор наскоро ќе наполни 30 години, неодамна беше „поместена“ во подбирото на партијата, тело кое што носи одлуки и со кое што претседава нејзиниот брат.
Ун и Ју се родени во бракот на починатиот лидер Ким Јонг Ил и неговата трета сопруга, поранешната танчерка Ко Јонг Хуи. Во фабриката тие се восхитувале на мозаикот со сликата на неговиот татко под кој што пишувало: „Да му ги понудиме на нашиот народ најдобрите козметички производи“.

No comments

Powered by Blogger.