Нов бисер на пропагандата на Ким: Ќе се смеете кога ќе видите како Пјонгјанг прикажал напад на авион и брод на САД

Пишува: Точка

Пјонгјанг објавил серија фотографии и видео-колажи на кои севернокорејските ракети "уништуваат" американски бомбардери и носачот на авион "Карл Винсон", соопштила агенцијата "Johnap".

Видеото објавено на сајтот "DPRK Today", почнува со исечок на говорот на американскиот претседател Доналд Трамп пред војниците во базата "Andrews" во Мериленд. Потоа се прикажани фотографии од бомбардерот "B-1b" и ловецот "F-15C", кои се помош на компјутерска графика се уништени од ракети. На сличен начин севернокорејска подморница го напаѓа нуклеарниот носач на авион "Карл Винсон".

Снимката се појавила кратко откако бомбардерите на американската авијација заедно со ловците прелетале во меѓународниот воздушен простор над брегот на Северна Кореја, приближувајќи се до границата на демилитаризираната зона.

Американскиот претседател во своето прво обраќање од говорницата во ОН се заканил дека целосно ќе ја уништи Северна Кореја. Тој исто така Ким Јонг Ун го нарекол "ракетар" во самоубиствена мисија.

No comments

Powered by Blogger.