Полесно ќе се отцепиме ние од Америка, отколку вие од Шпанија: Оваа држава има важна порака за Каталонците

Пишува: Точка

Калифорниската коалиција за слобода е убедена дека отцепувањето на Калифорнија од САД би било поедноставно од одвојувањето на Каталонија од Шпанија.

Според мислењето на претставниците на оваа коалиција, жителите на Калифорнија имаат повеќе правни инструменти кои им овозможуваат успешно да ја реализираат кампањата за осамостојување.

"Кога станува збор за финансиската ситуација, постои одредена сличност - и ние даваме повеќе отколку што добиваме, како и тие", наведува директорот за истражување и политика во Калифорниската коалиција за слобода, Дејв Мерин.

Според неговите зборови, меѓутоа, Уставот на САД предвидува повеќе можности за отцепување отколку шпанскиот, односно, Калифорнија располага со поголем број правни инструменти.

Мерин се повикува, пред се, на 10-тиот амандман, според кој државите имаат право на овластувања кои Уставот не го доделил на федералната влада. Тоа не дава право без договор да се објави независност, но, како што навел Мерин, тоа овозможува одредени држави да преговараат со Вашингтон.

Во овој момент Центарот собира потписи за да организира гласање во врска со ова прашање следната година

Целта на коалицијата не е стопроцентна независност од САД, но авторите на иницијативата сакаат да ја поништат одредбата во Уставот на САД, според која Калифорнија е неделив дел од земјата.

Мерин признал дека Центарот има многу тешка задача, но дека не губи надеж во тоа дека Калифорнија ќе успее да го убеди Конгресот да прифати отстапки.


No comments

Powered by Blogger.