Студент од Москва го заклал својот професор, направил селфи па се самоубил

Пишува: Точка

Московската полиција истражува потенцијално убиство, откако студент наводно најпрвин со нож го убил својот професор, направил селфи и ја објавил фотографијата на социјалните мрежи, па се самоубил.

18-годишниот Андреј Емелјаников и неговиот професор, 44-годишниот Сергеј Данилов, имале несогласувања, дознаваат руските медиуми. Според некои информации, студентот Андреј две седмици бил отсутен, па поради тоа имал голема расправија со професорот откако се појавил на предавање.

Емелјаников се претпоставува дека најпрвин го убил професорот, а потоа направил селфи фотографија со неговото мртво тело, по што ја објавил на руската социјална мрежа „В Контакте“. Подоцна тој се самоубил, а двете тела ги пронашол друг професор.

За професорот Данилов колегите и студентите раскажуваат дека бил љубезен човек, но барал голема дисциплина од учениците затоа што бил војник. Тој најчесто како казна ги терал студентите да прават склекови, но ретко го покачувал тонот или пак навредувал некого. Тој бил ценет меѓу колегите кои што посебно ја ценеле неговата смисла за хумор и начинот да се поврзе со студентите.

Од друга страна, студентот Емелјаников пораснал со неговата мајка која што раскажала дека слободното време го минувал пред компјутерот играјќи видео игри, слушал хеви метал музика и преведувал странски стрипови на руски јазик.

Еден професор открил дека Емелјаников „интелектуално гледано, бил пред сите останати ученици“, а некои другари откриле дека тој повремено се повлекувал во себе.

Никој од студентите или професорите, за руските медиуми не кажале дека некогаш кај Емелјаников забележале знаци на некаква ментална болест или било што друго што би укажало на тоа дека е можно да се случи ваква трагедија.

No comments

Powered by Blogger.