Познатиот нарко бос Ел Чапо „го загубил паметот“ во затвор: Почнал да халуцинира и не се сеќава на ништо...

Пишува: Точка

Адвокатите на мексиканскиот нарко бос Хоакин Гузман попознат како „Ел Чапо“ тврдат дека неговото ментално здравје се влошува во американскиот федерален затвор во Њујорк.

Адвокатите на нарко босот тврдат дека менталното здравје на „Ел Чапо“ се влошува поради рестриктивните мерки кои што се применуваат против него, по што тој започнал да халуцинира.

Американската телевизија „ЕјБиСи“ потсетува дека „Ел Чапо“ се наоѓа во федералниот затвор во Њујорк од јануари и врз него се применуваат рестриктивни услови познати како административни мерки.



„Советникот беше во посета на Гузман од февруари и тој забележа дека во последните неколку месеци, кај него е забележано влошување на менталното здравје. Советникот забележал дека Гузман често повторува исти работи, а понекогаш и заборава за што воопшто се зборува. На тимот на одбраната му е јасно дека со Гузман нешто не е во ред“, стои во барањето .

Адвокатите тврдат дека „Ел Чапо“ повеќе не можел да се сети на луѓе, места и случувања, се жали на халуцинации и тврдел дека владата го снима неговиот престој во затворската келија.



Адвокатите бараат нивниот клиент итно да биде прегледан од невропсихијатар и предупредуваат дека, доколку нивното барање не биде исполнето, неговата состојба може да се развие во таква, по што ќе биде донесен заклучок дека тој повеќе не е способен за судење.

No comments

Powered by Blogger.