Трамп тргнал на другата страна без Меланија, таа му дофрлила неколку зборови - Веднаш се свртел и ја бакнал пред сите

Пишува: Црнобело

По слетувањето на авионот, Меланија и Доналд се поздравиле со службениците кои се собрале да ги дочекаат.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, со сопругата Меланија допатувал во Јужна Кореја, која ја посетува во рамките на својата азиска турнеја. Првиот пар на САД го привлекол вниманието веднаш по слетувањето на нивниот авион, а сите го виделе бакнежот кој Трамп го поделил со сопругата.

По слетувањето на авионот, Меланија и Трамп се поздравиле со службениците кои се собрале да ги дочекаат.



Сите се ракувале со претседателот и со првата дама, а прва им пришла министерката за надворешни работи на Јужна Кореја.



Откако го испочитувале целиот протокол по доаѓањето, дошол моментот претседателот и првата дама да се раздвојат, за тој да им се посвети на своите активности.





Трамп го свртел грбот и се подготвил да замине, кога Меланија му дофрлила неколку зборови. Веднаш се свртел и се вратил до неа.




Ја фатил за рака и нежно ја бакнал во образ. Овој гест е еден од ретките "интимни моменти" кои Трамп и Меланија ги покажуваат при јавните појавувања.



Американскиот претседател моментално е на својата азиска турнеја, на која се планирани посети на Јапонија, Јужна Кореја, Кина, Виетнам и Филипини.

No comments

Powered by Blogger.