Јутјуб ѕвездата случајно пренесувала секс во живо на Инстаграм

Пишува: Точка

Американската Инстаграм и Јутјуб ѕвезда – Кристен Хенчер, уживала во интимните моменти со своето момче, кога случајно ја активирала опцијата за пренос во живо на својот телефон.

Љубовниот занес на оваа 18-годишна девојка и нејзиниот партнер, кој бил пренесуван три минути, имале прилика да го слушнат нејзините 3,9 милиони следбеници на Инстаграм.

 
За среќа, телефонот бил свртен со камерата надолу, па затоа тие можеле само да ја слушнат “акцијата”, но не и да ја видат.
Во моментот на пренесување, на мрежата се наоѓале повеќе од 14 илјади следбеници, кои по првобитниот шок започнале да ја опсипуваат мрежата со коментари.

“Сакам да им се извинам на сите кои ја видеа снимката. НЕ беше намерно. Избришете го од вашето сеќавање. Ми беше ужасно непријатно кога сфатив за што се работи”, напишала Хенчер.

“Но, се случуваат незгоди. Правете се како ништо да не се случило и продолжете со својот живот. Токму и јас тоа ќе го направам”, додава таа.

Хенчер е позната по кратките музички видеа во кои таа на плејбек пее разни хитови и нумери на филмовите.
Таа со своето момче Ендрју Мекгрегор е во врска околу една и пол година.

No comments

Powered by Blogger.