Сопругата на најзгодниот затвореник ја отворила душата: "Додека мојот сопруг се забавуваше на јахта со богаташката, јас поради тие фотографии го загубив бебето"

Пишува: Точка

33-годишниот Џереми Микс сите го знаат како "најзгодниот затвореник", а откако неговата фотографија го обиколила светот, тoj станал манекен.

Но, уште поголема прашина кренал минатото лето, кога неговата сопруга преку медиумите дознала дека ја изневерува со богатата наследничка, 26-годишната Клои Грин. 38-годишната Мелиса Микс, која со Џереми била во брак осум години и заедно имаат син, сега од него бара голема алиментација за неа и детето, но и тврди дека претрпела спонтан абортус кога дознала за неверството.
"Бев под толку стрес, почнав силно да крварам само неколку часа откако ги видов фотографиите. Веднаш отидов на лекар, кој ми кажа дека сум го изгубила детето", рекла Мелиса за медиумите со солзи во очите.
Вели дека нејзиниот наскоро поранешен сопруг, со кого била додека имал проблеми со законот, заработува милион долари месечно. Бара висока алиментација и старателство над заедничкиот син Џереми Џуниор.
"Тој сега живее како плејбој со својата богата девојка, а својот син го гледа два пати месечно", вели Мелиса, која работи како медицинска сестра во предградието на Лос Анџелес.

No comments

Powered by Blogger.