Нов шок од Антарктикот: Огромен глечер, со големина на Бали, се распаѓа на парчиња

Пишува: Точка

Во јули оваа година НАСА од вселената снимила огромна санта мраз, со површина од околу 5.800 километри квадратни, која се одвоила од Антарктикот.

Сантата А-68, со големина на островот Бали, која се одвоила од ледената плоча Ларсен Ц на Антарктикот, е една од најголемите забележани во историјата. По одвојувањето, плочата Ларсен Ц се намалила за околу 12 проценти.

На Антарктикот моментално е лето, а А-68 патува кон архипелагот Јужна Џорџија и Јужните Сандвички острови, во јужниот Атлантик. На својот пат овој глечер постепено се распаѓа, па настануваат бројни помали.

Минатата седмица, на 12. ноември, членови на иницијативата на НАСА за снимање на 3D мапи на глечери, летале над А-68 со авион P-3, кој е опремен со најсофистицирани мерни инструменти.

Благодарение на поволните метеоролошки прилики, снимките биле многу јасни.


"Неверојатно е чувството кога со свои очи ќе видите нешто што претходно сте го гледале само на фотографии. До денес глечерот Ларсен Ц го гледав само на сателитски снимки објавени во август 2016. година.

Антарктикот тогаш привлекуваше внимание поради огромните пукнатини, а на крајот тоа се заврши со одвојување на огромен глечер", напишала Кетрин Хансен.
"Повеќето глечери кои сум ги видела изгледаа релативно мали и компактни. Меѓутоа, тоа не важи и за овој. А-68 е толку голем што и натаму изгледа како да е дел од ледена плоча", додаа таа.

Благодарение на фотографиите и снимките направени со помош на гравиметар, кој ја мери количината на водата под глечерите, научниците имаат прилично јасна претстава за клучните својства на А-68, кои ќе им помогнат да го следат неговото движење, како и процесите низ кои минува.

No comments

Powered by Blogger.