Поинаква предизборна кампања: Кандидат за градоначалник кој бара од граѓаните да не гласаат за него

Пишува: Точка

Ова го има само во Македонија – да се кандидираш за некоја функција, а да не сакаш да ја добиеш.

Таков е примерот со независната кандидатка за градоначалник на општина Дебарца – Јадранка Бибан. Бибан на Фејсбук објави плакат со кој им порачува на граѓаните да не гласаат за неа бидејќи нејзината цел е поинаква.

“Немој да гласаш за мене, се кандидирав само за да можам да ти кажам нешто важно за твоето здравје и твојот живот” е слоганот на Јадранка, која е познат гинеколог-акушер и водител на една од најпопуларните емисии за здрава исхрана.

За овој потег, Бибан доби бројни коментари во кои граѓаните ѝ честитаат за “кандидатурата”.

No comments

Powered by Blogger.