Заев најави нов закон за заштита на ЛГБТ-заедницата

Пишува: Точка


Премиерот Зоран Заев вечерва присуствуваше на одбележувањето на петгодишнината од Центарот за поддршка на ЛГБТ-заедницата во Македонија, што се одржа во Музејот на современата уметност, во присуство на Уранија Пировска од Хелсиншкиот комитет и програмскиот директор на Центарот, Кочо Андоновски.

Кочо Андоновски обраќањето го почна со зборовите: „Преживеавме! Направивме четири кампањи на локално ниво во режим што нè напаѓаше. Двапати бевме цел на напади, токму на нашите родендени“.

Премиерот Заев ја уплати првата донација за ЛГБТ-центарот за поддршка порачувајќи дека Македонија е држава за сите граѓани. Тој притоа потсети дека инцидентите против ЛГБТ-центарот за поддршка не се расчистени сè уште и најави дека оваа Влада ќе ги смени состојбите. За таа цел се подготвува нов закон за заштита од дискриминација, кој ќе биде според меѓународните стандарди. Сега 10 луѓе живеат во т.н. сигурна куќа на ЛГБТ-центарот за поддршка бидејќи тие станале бездомници поради нивната сексуална ориентација.

ЛГБТ-центарот за поддршка од самото отворање доживеа 6 напади, многу ЛГБТ-луѓе беа нападнати, а немаше некоја голема реакција ниту од граѓаните ниту од институциите, кои требаше да дадат до знаење дека насилниците ќе бидат фатени и казнети.

В.М.

No comments

Powered by Blogger.