На плажите страшни сцени: Фотографијата од жена како излегува од море е најдобар доказ за катастрофата во Грција

Пишува: Точка

Една жена, и покрај големото излевање на нафта, јужно од Атина, одлучила да се искапе во морето.

Нозете и биле целосно прекриени со нафта, па на многумина не им е јасно зошто воопшто влегувала во водата. Секако, оваа фотографија најдобро покажува колкави се последиците од еколошката катастрофа. Фотографијата ја направил белгиски фотограф на плажа во познатата атинска населба Палеа Фалира.

Потсетуваме, грчкиот остров Саламина бил погоден од еколошка катастрофа откако кај брегот потонал танкер со повеќе од 2.000 тони нафта.

Огромна нафтена дамка го прекрила целиот залив, а властите објавиле дека се загрозени илјадници морски животни. Дамката е долга 1,5 километри, и чистењето најверојатно ќе трае четири месеци.

No comments

Powered by Blogger.