Штикли до небо, хулахопки со боја на кожа: Модни парчиња кои не ги носат кралиците на стилот

Кога станува збор за модата и добриот вкус, француските дами се сметаат за едни од најдобро облечените жени во светот. Тие се олицетворение на стил и елеганција, па се вечна инспирација за мноштво припаднички на понежниот пол.

Пишува: Црнобело

А, петте модни парчиња кои кралиците на стилот избегнуваат да ги носат се:

1. Пуш-ап градници

Мнозинството жени ширум светот настојуваат што повеќе да го зголемат своето деколте со помош на градници.


За разлика од нив, Французинките не се воопшто опседнати на таа тема.

За нив и малите гради се сензуални и имаат свои предности, поради што не се преоптоваруваат со големината на нивното деколте.

Затоа и нема да посегнат по пуш-ап модел, туку ќе носат класични модели, или, пак, воопшто нема да облечат градник.


2. Штикли облакодерки

Ултра високите штикли не се опција за ниту една дама со префинет стил.



Французинката никогаш не би носела чевли со превисоки потпетици, односно модели на штикли кои се извишуваат „од тлото до небото“.

Најдобро облечените жени во светот играат на картата на безвременска елеганција, па попрво ќе одберат рамни чевли, како што се балетанките.

А, кога се чевлите со висока потпетица во прашање, тие ќе им останат верни на класичните салонки.


3. Хулахопки во месо боја

За повеќето стилски експерти, ова модно парче веќе долго време е на лош глас.



Илузијата на голи нозе е непожелна и за Французинките, кои сметаат дека предност треба да им се даде на хулахопките во други нијанси.

Тие не носат хулахопки во боја на кожата, за коишто доминира мислењето дека се еден од најлошите „изуми“ во модата.


4. Спортска гардероба во неспортски пригоди

И Французинките вежбаат, но нив нема да ги видите во спортска опрема во неспортски прилики.



Тренерките и патиките ќе ги остават исклучиво за во теретана, или, пак, некаква физичка активност на отворено.

Но, во тренерка нема сигурно да ги извршуваат секојдневните oбврски, или да ја облечат за било која друга пригода што не е тесно поврзана со спортски активности.


5. Истакнато име на бренд

Французинките не се љубителки на претерувањата.



Согласно нивната умереност, тие нема да го потенцираат ни логото на модните брендови во своите комбинации.

Односно, ќе го избегнуваат носењето облека или додатоци со истакнато име на брендот.

За кралиците на стилот, луксуз претставува начинот на кој ја носите облеката, а не прикажувањето на модните марки.

No comments

Powered by Blogger.