Американско семејство преживеало пекол: Џихадисти ги заробиле пред пет години, во мракот им се родиле три деца


Пишува: Точка

Пакистанските сили за безбедност спасиле американско-канадско семејство кое талибаните го киднапирале во Авганистан и го држеле во заробеништво пет години.

Ослободени биле Американката Кејтлин Колман, нејзиниот сопруг од Канада Џошуа Бојл и нивните три деца. Семејството пред пет години во Авганистан било киднапирано од мрежата Хакани.
Колман во моментот на заробувањето била бремена. Тие во текот на петгодишното заробеништво добиле три деца.
Локацијата на која семејството моментално се наоѓа е непозната, а властите не сакаат да зборуваат за тоа кога тие би можеле да се вратат во САД.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјавил по ослободувањето на семејството дека тоа е "позитивен момент за односите на САД со Пакистан".
Мрежата Хакани во неколку наврати објавувала снимки од семејството барајќи ослободување на свои затвореници во замена за нивно пуштање на слобода.

Последната снимка се појавила кон крајот на минатата година, на која Кејтлин очајнички моли некој да ги спаси од кошмарот.

No comments

Powered by Blogger.