Убиство сред бел ден: Го избодел фризерот бидејќи не му се допаднала фризурата

Пишува: Точка

Маж од Узбекистан кој во Москва работел како фризер, бил избоден до смрт затоа што еден клиент по шишањето не бил задоволен од фризурата.

Напаѓачот бил уапсен, а снимката од убиството била објавена на социјалните мрежи и предизвикала голема бура во Русија.

Приказната за тоа што се случило, како и снимката, прв на својот профил на Фејсбук ја објавил пратеникот Антон Бељаков, наведувајќи дека еден од неговите пријатели ја познавал жртвата, како и дека бил добар фризер.

Убиениот маж бил идентификуван како 24-годишниот Дастан Адеканов од Узбекистан.

Бељаков навел дека судирот почнал откако Адеканов во четвртокот потстрижил еден маж и му наплатил околу 200 рубљи, или околу 180 денари, што е ниска цена за московските стандарди.

Меѓутоа, мажот наводно бил незадоволен од фризурата, па во петокот се вратил да се жали. Персоналот се обидел да го смири и да му ја поправи фризурата, но нему не му се допаѓале останатите опции. Неколку моменти подоцна мажот го извлекол Дастан на улица.

На снимката објавена на социјалните мрежи се гледа како Адеканов го брка маж во сиво-жолта маица, додека во рацете носи остар предмет. Мажот го избодел Адеканов неколку пати, додека минувачите само гледаат и не реагираат. Адеканов паѓа и веќе не се придвижува.

RT истакнува дека Адеканов починал пред да пристигне Итната помош.

Автентичноста на снимката не потврдена, но од полицијата навеле дека е отворена истрага против 26-годишниот маж обвинет за убиство. Во соопштението на полицијата не се наведува неговото име, но стои дека е уапсен и дека го признал убиството.

No comments

Powered by Blogger.