Нибиру: НАСА издала соопштение за крајот на светот

Пишува: Точка

Повеќе пати годишно, теоретичарите на заговор го „предвидуваат“ крајот на светот, а сè почести се верувањата дека на Земјата ќе ѝ пресуди планетата наречена Нибиру, која денеска ќе удри во Земјината топка, на 23 септември.

Верувале или не, на ова мораше да се огласи и НАСА, и тоа со официјално соопштение во кое (уште еднаш) објаснува дека планетата X или Нибиру не постои и со самото тоа не претставува никаква опасност за земјата.



„Голем број на луѓе наводно предвидуваат дека на 23 септември ќе се случи судир на Земјата со извесна планета Нибиру. Таа планета не постои и со самото тоа не може да удри во Земјата. Во прашање се интернет завери и теории на заговор за кои не постои фактичка основа. Доколку ваквата планета навистина се упатува кон Земјата, таа би била забележана пред повеќе од една деценија и досега веќе би била видлива со голо око на небото. Нема докази, ниту научни основи за овие тврдења“, наведува НАСА.

Инаку, планетата Нибиру веќе неколкупати требаше да “удри” во Земјата – од 2003 до 2012 година, нејзиниот удар беше најавуван неколкупати, а ова не е првпат НАСА да мора да реагира по ова прашање.

НАСА подоцна ги отфрли шпекулациите објавувајќи изјава на својот сајт.

No comments

Powered by Blogger.