Дали теоријата за двојничката на Меланија Трамп е издржана?

Меланија Трамп се соочи со бурни критики на социјалните мрежи како резултат на гласините дека таа имала двојник кој ја заменува.



Оваа теорија на заговор се прошири многу брзо на социјалните мрежи и започна од видео на кое таа стои до нејзиниот сопруг Доналд Трамп, а нејзиното лице го покриваат големи темни очила за сонце, па многумина сметаат дека тоа всушност е нејзин двојник бидејќи не личи на неа.

Актерката Андреа Бартон го објави видеото на Facebook и напишала дека тоа не е вистинската Меланија.

Таа најмногу се посомневала бидејќи претседателот на САД рекол: „Мојата сопруга Меланија, која е овде...“, па смета дека нема логика да го нагласи некој тоа што е очигледно, освен ако не се крие некоја мамка зад тоа.

Дел од твитерџиите секако поверувале во оваа теорија и сметаат дека оваа „мистериозна жена“ која стои до претседателот на САД не е Меланија Трамп.Една од причините заради кои луѓето сметаат дека жената на видеото не е Меланија е бидејќи тие на слики од порано имаат речиси иста висина, а на видеото таа е многу пониска.

Сепак, оваа теорија е најверојатно лажна со оглед на тоа што според изворите, има слики од неа на истиот настан без наочари каде јасно се гледа дека е Меланија, а објаснувањето за висината е тоа што таа овде носи балетанки, а на сликите од порано високи штикли.

dali-teorijata-za-dvojnichkata-na-melanija-tramp-e-tochna-02.jpg
dali-teorijata-za-dvojnichkata-na-melanija-tramp-e-tochna-03.jpg
А, што се однесува до фразата која претседателот ја употребил, истражувањта на Тwitter покажуваат дека Доналд има навика да нагласува дека Меланија му е сопруга, па тука нема ништо чудно.

dali-teorijata-za-dvojnichkata-na-melanija-tramp-e-tochna-04.jpg

Сепак, вистина или не, на твитерџиите добро им дојде оваа теорија на заговор, па ги исполнија социјалните мрежи со шеги на сметка на Меланија и Доналд:












No comments

Powered by Blogger.