Миди здолниште, тесен џемпер: Облека со која секогаш ќе изгледате убаво на фотографиите

Облеката не го прави човекот, но може да биде и тоа како од полза во одредени ситуации. Една од нив е и фотографирањето.

Пишува: Црнобело

Ви ги откриваме десетте парчиња облека кои секогаш изгледаат добро на фотографиите:

1. Тесен џемпер

Покомотните парчиња облека, како што е волуменозниот и предимензиониран џемпер, секогаш се добра идеја, освен за фотографирање.

За таа прилика, тесниот џемпер или ролка, односно парчето кое го следи обликот на телото и ѝласка на вашата фигура, претставува многу подобра опција, бидејќи нема визуелно да ве прошири.


2. Панталони со широки ногавици

На фотографиите, ваквите панталони пружаат илузија на подолги и послаби нозе.

Одлично стојат со тесен џемпер, па таквата комбинација ќе ве направи повитки. А, ќе се сложите и дека изгледаат исклучително дамски и елегантно, нели?


3. Миди здолниште

Секоја есен, миди здолништата се апсолутен хит, а секоја година се и сѐ поубави и поубави, па како такви ќе ја разубават и секоја фотографија.

Тие се непогрешлив избор, бидејќи подеднакво добро им прилегаат на сите дами, а се соодветни за секоја пригода.

Ваквиот крој визуелно го стеснува струкот и ги сокрива недостатоците. Воедно, ја издолжува и фигурата на телото, поради што е мошне фотогенично парче облека.


4. Штикли во боја на кожа

Овој трик веќе добро го знаете. Обувките во боја на кожата визуелно ги издолжуваат нозете, баш како и панталоните со широки ногавици.

А, сандалите со две тенки ремчиња во месо боја, не само што ги издолжуваат нозете, туку и го исправаат држењето, а одговараат со секоја комбинација на облека.

Притоа, станува збор за еден од најпопуларните модели на штикли. Посебно обожаваат да ги носат славните дами, како на пример Блејк Лајвли и Ким Кардашијан.


5. Кошула

Како што штиклите во месо боја ги издолжуваат нозете, така и кошулата визуелно го издолжува вратот.

За да постигнете полежерен изглед, сѐ што треба да направите е да откопчате едно или две копчиња.

No comments

Powered by Blogger.