Најголемото езеро на светот исчезнува: Научниците конечно успеале да ја откријат причината и нема да ви се допадне

Пишува: Точка

Најголемото езеро на Земјата, Каспиското езеро, кое се наоѓа помеѓу Европа и Азија, полека испарува, што доведува до намалување на нивото на водата од седум сантиметри годишно.

Научниците конечно понудиле објаснување за намалувањето на нивото на водата, кое константно се случува од 1996. година. Сега езерото е на ниво од само еден метар над историскиот минимум измерен кон крајот на седумдесеттите години од минатиот век.

Ова езеро не го нарекуваат море само поради големината, туку и поради тоа што е солено, а објаснувањето за промената на нивото во последните 20-тина години е глобалниот раст на температурите во екот на климатските промени. Тој заклучок е резултат од истражувањето кое се водело за тоа "зошто паѓа нивото на водата". Анализата ја правеле научници од Универзитетот Тексас од Остин. Научниците велат дека високите температури на воздухот над Каспиското езеро, кои вкупно пораснале за околу еден Целзиусов степен од 1979. година, резултирале со зголемено испарување.

Иако вкупното ниво на водата флуктуирало последните неколку стотини години, последиците од минатиот век влијаеле на испарувањето предизвикано од топлите температури, што има најголемо влијание на водата.

Научниот тим своето истражување го започнал случајно, откако бил вклучен во истражување кое би помогнало во калибрирањето на сателитските податоци за мисијата "Grace", започната во 2002. година.


При ускладувањето на податоците за мисијата "Grace", тие забележале колку нивоата на Каспиското езеро флуктуирале.

Со собирањето на сателитските податоци, заедно со евиденциите за врнежи и влевањето во езерото од реките, тимот утврдил дека ефектите на испарување биле поголеми од било какви други влијанија на нивото на водата. Со други зборови, испарувањето има поголемо влијание од приливот на водата од дождовите или од водата која се влева од речните притоки.

Ако продолжи овој тренд, нема да мине многу време пред ова езеро, окружено со Казахстан, Русија, Иран, Азербејџан и Туркменистан, да падне под своето историско ниско ниво. Падот на нивото на водата, според предвидувањата, ќе продолжи. А тој пад би можел да ги загрози и видовите кои живеат во езерото.

Површината на езерото изнесува околу 371.000 километри квадратни. Езерото изобилува со големи резерви на нафта и гас и е важен извор за риба за земјите кои го окружуваат. И во текот на минатите векови било познато дека езерото имало големи промени во нивото на водата, но во претходните истражувања не можело прецизно да се утврди главната причина. Се до сега.

No comments

Powered by Blogger.