Пронајдена најбараната жена на светот: Љубовницата на напаѓачот од Лас Вегас на аеродромот ја дочекале агенти на ФБИ

Пишува: Точка

Пријателката на напаѓачот во Лас Вегас, Стивен Педок, се вратила од Филипините во Лас Вегас, каде вчера на аеродром ја дочекале агенти на американското Федерално истражно биро.

Службеничка од Филипините рекла дека партнерката на напаѓачот од Лас Вегас, Мерилоу Денил, била на Филипините за време на нападот.

Портпаролката за имиграција на Филипините, Антонет Мангробанг, денес рекла дека Денил пристигнала на Филипините на 25 септември со лет од Хонг Конг. Тоа е речиси една седмица пред нејзиниот партнер Стивен Педок да убие 59 луѓе на концертот за кантри музика во Лас Вегас.



Шерифот на округот непосредно по нападот во Лас Вегас рекол дека пријателката на напаѓачот, Мерилоу Денил, се смета за "лице од интерес". Полицијата набрзо после тоа соопштила дека стапиле со неа во контакт, како и дека не била во земјата за време на нападот.

Денил од Стивен Педок, извршител на најтешкото масовно убиство во историјата на САД, добила уплата од 100.000 долари неколку дена пред нападот.



Филипинското биро за истрага - NBI, еквивалент на американското федерално истражно биро - FBI, соопштило дека американските инспектори од нив барале помош да ја пронајдат Денил.

"Денил на Филипите пристигнала минатиот месец, а потоа на нејзината сметка имало трансфер од 100.000 долари од Стивен", рекол портпаролот на филипинските служби.

¡

Според Канбера, 62-годишната Мерилоу Денил е австралиска државјанка. Таа емигрирала во САД и кога имала 20 години, за да работи во казина.

Според наводите на медиумите Денил е родена на Филипините, што не е потврдено од тамошното министерство за надворешни работи.

Стивен Педок пред три дена, во неделата, убил 59 луѓе и ранил повеќе од 500 на музички фестивал во близина на хотелот. Полицијата упаднала во неговата хотелска соба на 32. кат, при што тој се самоубил.

No comments

Powered by Blogger.