Потресна приказна на млада мајка за тоа што му направиле енергетските пијалаци на нејзиниот сопруг

Пишува: Точка

За некој од нас енергетските пијалаци се единствената работа која може да не одржи за да го издржеме денот. Како и да е, многумина сметаат дека шеќерот и кофеинот штетно влијаат врз телото на човекот. Уште во април оваа година, во Јужна Каролина едно момче почина од предозирање со енергетски пијалок.

Сега, новиот случај е таткото Остин кој успеал да преживее откако конзумирал голема количина енергетски пијалаци за да се справува со зафатениот распоред.

Неговата сопруга, Бријана, која ја делеле само неколку недели од раѓањето на нивното прво дете во тој период, ја споделила приказната на Фејсбук за нејзиниот сопруг и како нејзиниот свет се распаднал. Сара Ендрес од Сакраменто, Калифорнија, го посети семејството и направила неколку емотивни фотографии кои ги документирале секојдневните борби на младото семејство за време на хоспитализацијата на Остин.



"Здраво, јас сум Бријана и ова е мојата приказна...Љубов не се телефонските повици, љубовните состаноци ниту спомените. Љубов е да бидеш свесен дека ќе се жртвуваш за работи за кои не си ни помислил дека треба да се жртвуваш. Љубовта е несебична. Сте почувствувале некогаш како ви се ниша животот? Дали сте се пронашле во некоја толку збунувачка ситуација кога вашиот живот се распаѓа? Вашите бели дробови се стеснуваат и за момент не можете ниту да дишете. Не можете да се движете, не можете да размислувате, не можете да реагирате. Јас сум била. Јас искусив нешто што никогаш не би ми паднало на памет и тоа кога бев во деветтиот месец од бременоста. Да се биде бремена требаше да биде најубавото чувство и патешествие кое ќе се памети. Создаваш нов живот. Чувствуваш безусловна љубов за некој кој сè уште не си го запознал. Јас и Остин бевме пресреќни што ќе го запознаеме нашето мало момче. Да го донесеме дома и да бидеме фамилија".



Бријана раскажува како еден повик ѝ го срушил светот. Нејзиниот сопруг доживеал несреќа. "Се што знаев е дека мојот сопруг е во болница. Но, не знаев зошто. После двочасовно возење до болница, дознав дека мојот сопруг има внатрешно крварење во мозокот. Зошто? Докторите заклучиле дека ова се случило како последица од континуирано конзумирање енергетски пијалоци кои ги употребуваше да го држат буден на работа. Направи операција, после 5 часа можевме да го посетиме. Но, неговиот личен опис беше променет".







После оваа приказна можеби треба посериозно да ги сфаќаме последиците кои можат да ги сносат прекумерните конзумирања енергетски пијалоци. Размислете два пати пред да ја преминете границата.

No comments

Powered by Blogger.