Тајните методи на монструмите: Поранешен џихадист откри зошто нивните заложници се толку смирени пред да бидат егзекутирани

Пишува: Точка

Терористичката организација Исламска држава веќе неколку години го шокира светот со објавување на брутални егзекуции на нивните заробеници.

Многумина се сомневаат во автентичноста на видео снимките на кои што џихадистите им ја отсекуваат главата на нивните заробеници или ладнокрвно им пукаат во глава, но едно е јасно - сцените се прилично морничави и предизвикуваат страв и гнев кај луѓето.

Еден од деталите кои што најмногу привлекува внимание кај овие монструозни снимки е неверојатната смиреност кај заложниците кои што практично ја чекаат својата смрт. Многумина се прашуваат зошто заложниците се толку мирни и практично се согласуваат да бидат дел од џихадистичката пропаганда кога знаат дека секао ќе бидат убиени.

Некои шпекулираат дека заложниците се согласуваат да бидат така егзекутирани, само за да не бидат измачувани до смрт, меѓутоа во интервјуто за "Sky News", еден поранешен припадник на Исламската држава тврди дека причината е нешто сосема друго.



Имено, тој открива дека заложниците се смирени затоа што и претходно биле ставени во иста ситуација, биле снимани, но не биле егзекутирани. Поранешниот припадник на ИСИС кој што се претстави како Салех, раскажува дека пред „вистинското погубување“, заложниците биле одведувани на лажни егзекуции.

Тие ќе го снимеле заложникот, ќе го кажеле пред камерата тоа што требало да го кажат и ќе се врателе во ќелијата. И самиот Салех ги убедувал неговите заложници дека нема да бидат убиени, само за тие да останат смирени.

„Ќе им кажев да не се грижат, дека ништо нема да им се случи и дека само снимаме видео со кое што сакаме да им испратиме порака на владите да престанат со нападите на Сирија. Им раскажував дека со нив ние немаме никакви проблеми, дека тие се само посетители во таа земја“, раскажува поранешниот џихадист додава дека речиси сите заложници на крајот биле ликвидирани.



Ова е прв пат шпекулациите за „лажните егзекуции“ да бидат потврдени од некој кој што учествувал во целиот „процес“.

Од "New York Times" минатата година прв пат објавија дека постои можност да се случува такво нешто и открија дека новинарот Џејмс Фули бил меѓу заложниците кои што минувале низ тој ужас.

No comments

Powered by Blogger.