Ова е лудакот кој ги убил луѓето на Менхетн: Прво ги покосил со камион, па излегол и почнал да пука


Пишува: Точка

На интернет се појавила снимка за која се тврди дека на неа се наоѓа напаѓачот кој денес влетал со камион меѓу минувачите на велосипедската патека на Менхетн и усмртил шест лица.

Медиумите објавиле дека напаѓачот е 29-годишниот Сафуло Хабибулаевич Саипов и дека е од Флорида. Во Америка пристигнал во 2010. година од Узбекистан.

Reuters, повикувајќи се на извор во полицијата, јавува дека инцидентот се третира како терористички напад.

На Менхетн претходно било пријавено пукање, а локалните медиуми јавиле дека претходно едно возило удрило и повредило повеќе луѓе на велосипедска патека, во близина на местото каде биле зградите на Светскиот трговски центар.

Како што навеле очевидците и полицијата, од возилото потоа излегол возач кој викал и пукал со пиштол, пренесува AP.

После тоа полицијата пукала во напаѓачот и го ранила. Тој сега се наоѓа во болница.

На Твитер њујоршката полиција објавила дека едно лице е уапсено, пренесува AP.

No comments

Powered by Blogger.