Екстремните десничари се трета политичка сила во Германија: Избија протести во Берлин - вие сте нацистички свињи!

Пишува: Точка

Нацистички свињи, цел Берлин ве мрази - вечерва на неколку места во главниот германски град избија протести против десничарите кои што успеаа да влезат во Бундестагот.

Извикувајќи пароли „Цел Берлин ја мрази AfD“ и други навредливи слогани, неколку демонстранти вечерва се судрија со полицијата која што се обидуваше да ги спречи да стигнат до местото каде што десничарската партија го славеше добриот резултат.

Стотици противници на десничарската „Алтернатива за Германија“ протестираа вечерва пред седиштето на партијата во главниот германски град каде што лидерите на оваа националистичка и анти-исламска партија го прославуваа влегувањето на "AfD" во парламентот како трета политичка сила во Германија.



Извикувајќи погрдни пароли како што е „Нацистички свињи“ и „Цел Берлин ја мрази AfD“, дел од демонстрантите се судриле со полицијата во обидот да стигнат пред седиштето на партијата и физички да се пресметаат со партискиот врв и нивните приврзаници.

Протест против десничарската „Алтернатива за Германија“ и влезот на оваа партија во Бундестагот и претходно бил одржан на популарниот „Александерплац“ во главниот германски град, а подоцна вечерва ситуацијата ескалираше.



Според прелиминарните резултати, десничарската „Алтернатива за Германија“ ги изненади сите во оваа држава, откако на денешните парламентарни избори освои 13% од гласовите и ќе биде првата десничарска партија која што ќе влезе во Бундестагот по крајот на Втората светска војна.

No comments

Powered by Blogger.