Овие европски земји би можеле да го повлечат признавањето на Косово: По Каталонија и на нив им се закануваат сепаратистички движења

Пишува: Точка

Во писмото кое ќе го пратат на адресата на 22 членки на ЕУ кои го признале Косово, од тие држави нема да бараат ништо друго освен да ја преиспитаат својата политичка одлука по рефедендумот во Каталонија. Со оглед на тоа дека ситуацијата во политичка смисла во однос на периодот зад нас е драстично поразлична во сите држави од ЕУ, да не ги споменуваме изменетите односи на силите на глобално ниво, сите опции се можни, па и тоа дека некои држави ќе го повлечат своето признавање на Косово, пишува во анализата на "Sputnik".

Еве неколку причини за тоа сценарио:

Сепаратистички движења, помалку или повеќе сериозни, постојат во речиси сите држави во ЕУ, а случувањата во Каталонија би можеле да им дадат ветер во грб. Да речеме, прва на удар би можела да биде Велика Британија, која моментално преговара за напуштање на ЕУ. Унијата на Шкотска со останатите држави од кралството трае околу 300 години. На референдумот од 2014. година, кој бил прифатен и од Лондон, поборниците за независна Шкотска изгубиле, иако со тесно мнозинство. Меѓутоа, "Брегзит" на Шкотите им го отворил апетитот за независност, па така нов референдум се најавува за 2018. година.



Дека и Белгија има сериозни проблеми со сепаратистите се покажало на последните парламентарни избори, каде "Новата фламанска алијанса" на чело со Барт де Вевер, станала најсилна партија во Фландрија. Заклучено е дека белгиската држава е пред распад и дека би требало да се изгради самостојна држава - Фландрија. Ако тоа се случи, Белгија ќе изгуби повеќе од половина жители и територија. Не треба да се заборави ниту на Валонија на југот на Белгија, која заговара присоединување со Франција.

Италија, чиј Парламент и Влада биле во технички мандат кога ја признала независноста на Косово, што според некио правни мислења е неважечко признавање, бидејќи таквата Влада немала овластување да донесе таков акт, на својата територија има две сериозни сецесионистички струи.



Првата област е на северот на Италија, која ги опфаќа економски развиените области Ломбардија, Пијемонт, Венеција и низа други развиени индустриски подрачја, чии политички претставници со години заговараат независна област Паданија, пред се поради економски причини, бидејќи не сакаат парите заработени во тој регион да влегуваат во деловите на државите кои заработуваат помалку.

Друга област која исто така поради економски причини сака независност од официјален Рим е Јужен Тирол, кој официјално е во границите на Италија, но по смртта на Мусолини добива независна јазична и политичка автономија. Намерата да се оддалечи од Италија, која по Грција е втора држава по задолженост во Еврозоната, повторно ги поттикнала Тиролци на сепаратистичките идеји.



Франција веќе со години се обидува да ги загуши амбициите за автономија на Корзика. Милитантните групи како што е "FLNC" со години се обидуваат тој остров насилно да го одвојат од Париз, без да размислуваат дали изведуваат напади на службеници или симболи на француската држава. Дека повеќе нема да се служи со насилство таа организација обелоденила пред три години. Меѓутоа, тоа не значи дека се откажале од идејата за независност.

Официјалното име на Баварија во Германија е Слободна Држава Баварија. Таа федерална единица на југот на најмоќната европска држава, ако одлучи да ги оствари своите амбиции за самостојност, со себе ќе повлече 13 милиони луѓе, колку што живеат во неа, но и најголемата територија и буџет во однос на останатите сојузни држави.



И Чешката област Моравска е подложна на сепаратизам, а тезата дека таа област треба да се осамостои ја поддржува тамошната политичка партија "Мораване".

Данска има проблем со Фарските острови, чија самостојност ја поддржуваат политичките партии: Република, Народна партија, Центарци, Партија за самоопределување.

"Иднината на Оланда" е политичка партија која во Финска се обидува да ги осамостои Оландските острови од оваа држава.

Грубата проценка е дека во целиот свет постојат околу 300 сериозни сепаратистички движења, со тоа што во последно време сепаратизмот станал секојдневна појава во редовите на Европската унија.

No comments

Powered by Blogger.