mk
Славни парови кои се заедно и покрај разликата во годините

Пишува: Точка
За многу холивудски парови, разликата во годините не е препрека за љубов. Таа разлика варира од 10 години па сè до 46 години разлика, колку што е Дик Ван Дајк постар од Арлин Силвер.
Во продолжение, погледнете кои славни парови се заедно и покрај старосната разлика.
Ники Рид и Иан Сомерхалдер: 10 години
Рид, која има 29 години и 39-годишниот Иан се во врска од 2014 година. Тие се венчале една година подоцна, а оваа година ја добија ќеркичката Боди Солеил.

Адам Левин и Бехати Принслу: 10 години
38-годишниот Левин се оженил со 10 години помладата Принслу која работи како модел за Викторија Сикрет. Тие ја имаат ќеркичката Дасти Роуз, а моментално очекуваат и друго дете.

Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс: 11 години
Блејк и Рајан се запознале на снимањето на филмот “Green Lantern” кога станале пријатели, а во 2011 година ја започнале својата врска. Следната година се венчале, а сега имаат две ќерки – Инес и Џејмс.

Мајкл Фасбендер и Алиша Викандер: 12 години
28-годишната Викандер и 40-годишниот Фасбендер започнале врска по снимањето на филмот “The Light Between Oceans” и сè уште се заедно.

Џеј-Зи и Бијонсе: 12 години
Тие се заедно од 2001 година, а се венчале седум години подоцна. Парот има син и две ќерки.

Хју Џекмен и Дебора Ли Фернес: 13 години
Џекмен (48) и Ли Фернес (61) се заедно повеќе од 20 години, а се сретнале на снимањето на серијата “Correlli”. Тие се венчале во 1996 година и посвоиле две деца.

Камила Алвес и Метју Меконахи: 13 години
Меконахи (47) ја запознал Камила (35) во 2006 година. Тој пет години подоцна ја запросил на Божиќ, а парот се венчал во 2012 година. Тие имаат два сина, Леви и Ливингстон како и ќерката Вида.

Меган Фокс и Брајан Остин Грин: 13 години
31-годишната Меган и 44-годишниот Брајан се сретнале кога таа имала 18 години. Парот се свршил во 2006 година, а по краток прекин на врската, тие се венчале во 2010 година. Имаат три сина.

Амал и Џорџ Клуни: 17 години
Џорџ (57) ја запознал Амал (40) во 2013 година, на забава која ја организирале нивни заеднички пријатели. Парот се венчал во 2014 година и ги имаат близнаците Ела и Александар.

Рози Хантингтон Вајтли и Џејсон Статам: 20 години
50-годишниот актер и 30-годишната манекенка се во врска од 2010 година. Парот се свршил во 2016 година, а во јуни оваа година тие го добија и синот Џек Оскар.

Џенифер Лоренс и Дарен Ароновски: 21 година
Лоренс, која има 27 години, е во врска со постариот Дарен. Тие се запознале на снимањето на филмот “Mother!”.

Харисон Форд и Калиста Флокхарт: 22 години
Форд и Флокхарт се запознале на доделувањето на Златниот глобус во 2002 година. Тие се венчале осум години подоцна и имаат посвоен син.

Мајкл Даглас и Кетрин Зета-Џонс: 25 години
Кетрин (47) и Мајкл (72) се запознале на филмски фестивал во 1998 година, а се венчале две години подоцна. Парот има две деца, а по кратката пауза во 2013 година, тие повторно се заедно.

Арлин Силвер и Дик Ван Дајк: 46 години
91-годишниот Ван Дајк во 2012 година се оженил со професионалната шминкерка Силвер која има 45 години.

No comments