Феноменално откритие на дното на Црното море: Во длабочините пронајдени совршено сочувани антички бродови, а нема да верувате колку се стари

Пишува: Точка

Голем број совршено сочувани остатоци од антички бродови биле пронајдни на дното на Црното море.

Тим од поморски научници по тригодишната експедиција за истражување на Црното море, открил бродови од периодот на античкото Грчко, Римско, Византијско и Отоманско царство.
##
##
Проектот со наслов "Black Sea MAP project", е еден од најголемите поморски археолошки проекти во историјата, а открил 60 добро сочувани бродови кои се сведоци на поморската историја подолга од два милениума.
##
##
Поради недостиг на кислород во длабоките морски води, некои од бродовите успеале да останат речиси сосема сочувани. Пример за тоа е еден трговски брод од византискиот период.

Научниците наишле на бродови на кои јарболите и натаму стоеле, со кормила кои биле на своето место, како и чамци за спасување и друга бродска опрема.
##
##
"Историјата се одвиваше пред нашите очи. Никогаш порано не сум видел вакво нешто", рекол еден од истражувачите.

Научници од САД, Бугарија, Шведска, Норвешка, Британија и Украина учествувале во овој трговски проект, на чие чело бил Универзитетот од Саутемптон, а целиот проект го финансирале добротворните организации.

No comments

Powered by Blogger.