Стариот советски тенк кој што и натаму ѝ парира на модерната технологија: Заборавете на Армата, ова е вистинската „руска машина“

Пишува: Точка

Б и сите верзии направени после него имале експлозивен реактивен оклоп кој што ги уништувал ракетите пред тие да удрат во тенкот. Напредниот систем „Штора-1“ за ометање на системите за наведување на ракети беше вграден во Т-72Б2.

Последните промени на овој легендарен тенк се направени во 2010-та година, па така ги добивме Т-72Б3 и Б3М. Б3 е замислен како поевтина верзија со нов мотор, подобра контрола на оружјето и помоќен топ.



Постојат и многу верзии на овој тенк кои што се развиени надвор од Русија. Меѓу другите, познат е „Бабилонскиот лав“ на поранешниот ирачки диктатор Садам Хусеин, потоа Југославија го имаше „својот“ М-84, а некои од најдобрите модификации беа направени и во Индија, Сирија и Јужна Африка.

Моментално во светот има илјадници тенкови Т-72. Секако, не е никакво изненадување тоа што најмногу ги користи Русија (2,500 активни и уште 8,000 во резерва).

Иако Русија има 3,500 нови тенкови Т-80, сепак, главната тенковска сила на Русите лежи во Т-72, додека новиот Армата допрва ќе треба да се пробие и да се докажува.

No comments

Powered by Blogger.