Ирачаните немаат милост за џихадистите: Ги фрлаат борците на Исламската држава од карпа и пукаат во нив

Пишува: Точка

Ирачката влада соопшти дека ги истражува видеата на кои што може да се види како ирачките безбедносни сили се пресметуваат со припадниците на Исламската држава, непосредно после ослободувањето на Мосул.

На снимката која што се појави на интернет се прикажани униформирани мажи кои што влечат невооружено лице, а потоа го фрлаат од карпа. Откако телото на човекот за кој се тврди дека припадник на Исламската држава ќе падне од карпата, војниците потоа пукаат во него.

Бригадир генералот Јахја Расол, портпарол на Командата за водење на заедничките акции на ирачката армија и коалициските сили, изјави дека „внимателно се прегледуваат видео снимките на кои што има ирачки војници“, и се истражува можното „непримерно однесување“ на луѓето во униформа.

„Ја следиме оваа афера внимателно и ако утврдиме дека има прекршување на човековите права од страна на било која сила, без разлика дали тоа се протитерористичките единици, полицијата или регуларната војска - ќе ги сметаме за одговорни и последиците ќе бидат многу сериозни“, порача тој.

Сепак, тој сепак не ја потврди автентичноста на снимката, но додаде дека можно е вакви снимки да ги прават тие кои што сакаат да ја намалат радоста и самодовербата која што ја имаат ирачките војници после победата на Исламската држава.

Повеќе вакви видеа се појавија од неколку места во Ирак, а покрај тоа, активистите за човекови права тврдат дека ирачката армија во последниве неколку месеци брутално се однесува кон заробените припадници на Исламската држава. Сепак, ирачката армија смета дека тоа е премала цена која што џихадистите ја плаќаат за ужасот кој го донесоа во нивната земја.

No comments

Powered by Blogger.