Ми ги кршеа прстите еден по еден, ме допираа за гради и ме фрлија по скалите: Девојка сведочи за теророт на шпанските полицајци над Каталонците

Пишува: Точка

На Твитер се појавила аудио снимка на која се слуша девојка која на некого со име Лаура му ги опишува ужасите кои наводно ги доживеала од страна на шпанските полицајци и тоа, како што вели, само затоа што се обидувала да им помогне на постарите луѓе кои биле нападнати.

"Лаура, Лаура, слушај ме сега и кажи го ова на сите. Со кренати раце ги бранев старите и немоќните. Не правев ништо друго, ги бранев постарите. Бидејќи тие удираат деца, удираат стари луѓе..

А потоа ме зграбија, ме фрлија по скалите и ме шутираа...Ми ги кршеа прстите на рацете, намерно...еден по еден...

Додека паѓав по скалите ми се крена маицата, а тие ме допираа по гради и се смееја...Потоа ме удираа и тоа додека сите снимаа..

Кажи им на сите Лаура. Кажи им на сите, сите нека знаат што прават. Ми ги кршеа прстите еден по еден...Мислам, во нив има толку зло, толку зло, толку зло..."

No comments

Powered by Blogger.