Жена покрај него била погодена со куршум во глава: Наместо да ѝ помогне, направил нешто одвратно! Целиот свет го плука кралот на Инстаграм

Пишува: Точка

Оваа постапка сериозно се заканува да ја наруши репутацијата на Дан Билзериан.

Дан Билзериан светската популарност и 23. милиони фанови на Инстаграм ги стекнал благодарение на тоа што секогаш е окружен со жени, а неговата куќа е полна со оружје.

Тој редовно поставува фотографии, на кои ужива со многу девојки, си игра со својот арсенал пушки, а неговиот бицепс е голем колку колковите на девојките.

"Мојот најголем страв е дека некој ќе ми провали во куќата, а јас нема да можам да одлучам со кој пиштол да го застрелам", напишал Дан под една од фотографиите со своето оружје.

Во неделата навечер, Дан Билзериан бил во Лас Вегас за време на масакрот, најголем во историјата на САД. Како што рекол, една жена покрај него била погодена со куршум во глава.

Додека одел меѓу лешовите кои лежеле на плочникот, ја свртел камерата кон себе, снемал здив, и на почетокот се обидел да го оправда имиџот кој со години го градел на социјалните мрежи.

"Се обидувам да земам пиштол", вели тој во клипот. "Јас се вратив назад...Видов девојка застрелана во глава, мозокот и висеше од главата".

На следната снимка, која кратко била поставена од профилот на Билзериан и од тогаш кружи на интернет, тој стои пред полициските светла и изгледа прилично збунето.

Билзериан кој на почетокот не бил достапен за коментари, подоцна тврдел дека таа ноќ помогнал на повредена жена, во масакрот во кој биле убиени 58, а ранети неколку стотини луѓе.

Сепак, ова не е прв пат одредени настани да фрлат сенка на преставувањето на Билзериан на Инстаграм. Меѓутоа, ниеден од нив не бил доволно страшен да ја наруши неговата популарност, додека овој од Лас Вегас сериозно се заканува да ја загрози неговата репутација.

Постапката на Дан Билзериан наишла на осуда, па неговиот профил на Инстаграм е преполн со негативни коментари.

Меѓутоа, тој не звучи како да има потреба да се правда.

Како што изјавил за People, бил на кантри фестивалот "Route 91", се дружел со пејачот, кога се слушнало пукањето од 32. кат на хотелот Мандалеј Беј.

"Бев прилично смирен, со оглед на ситуацијата, но дефинитивно побегнав на безбедно", рекол Билзериан.

Тој навистина видел жена која била погодена во глава, рекол за списанието, а другата повредена жена ја однел во болница, по што се вратил на местото на пукањето, со пиштол, како што ветил.

До тогаш полицијата ги држела работите под контрола, па се вратил дома, изјавил тој.

"Мислам дека не беше херојски", ги окарактеризирал Билзериан своите постапки за People. "Само сакав да ја направам правилната работа", додал тој.

No comments

Powered by Blogger.