Доказ дека Блу Ајви е копија на мама Бијонсе (фото)

Иако можеби навидум не изгледа така, дечињата знаат да бидат вистинска копија на родителите во одредени црти на лицето или гестови.

Пишува: Црнобело

Тоа најдобро се гледа на фотографиите, а еден таков пример е фотката која ја сподели Тина Ноулс, мајката на Бијонсе на својот Инстаграм профил.

Тина сподели фотка од нејзината ќерка Бијонсе, кога била мала.

Под фотката напиша: „Колку личи Бијонсе со Блу Ајви на фоткава. Тони ѝ прави плетенки.“

За споредба, еве како изгледа Блу Ајви со слична фризура како мајка ѝ:
Тина и порано има споделено фотка како доказ дека крушата под круша паѓа:
Блу Ајви навистина е мини-копија на славната мајка, иако на прв поглед наликува на нејзиниот татко, Џеј Зи.

No comments

Powered by Blogger.