Незапаметено невреме во Европа: Погледнете ги апокалиптичните сцени по олујата

Пишува: Точка

Најмалку шест лица загинале во неделата во Германија, Полска и Чешка Република, во невремето кое ги погодило централните и северните делови на Европа, додека германските власти будно набљудуваат да не се излее нафтата од огромниот товарен брод, кој се укотвил на остров во Северното море.

Четири лица во Полска и Чешка Република биле убиени при пад на дрва во силното невреме.
Во Чешка една жена настрадала во градот Требица, а постар маж во североисточниот дел на Прага, пренесува AFP.
Една од жртвите е возач на автомобил во Полска, кој загинал кога налетал на гранка која паднала на патот во близина на северозападниот град Шчецин, соопштиле пожарните служби. 

Истовремено, во Германија смртно настрадале 63-годишен Германец кој се удавил во камп во Долна Саксонија и жена чиј моторен чамец се превртел во државата Макленбург-Предна Померанија, наведува Reuters.

Ветровите дувале со јачина поголема од 100 километри на час во повеќе делови од Чешка Република, достигнувајќи јачина од дури 180 километри на час на највисоката планина во таа земја, јавува чешката телевизија.
Невремето оставило без струја илјадници Чеси и Полјаци, додека железничкиот сообраќај во големи делови од Северна Германија останал во прекин, откако паднатите дрва предизвикале прилично голема штета.
Во Германија железничкиот оператор "Дојче Бан" соопштил дека железничкиот сообраќај на многу патишта во северна и централана Германија би можел да остане во прекин до крајот на овој ден.
Во меѓувреме, товарниот брод "Глори Амстердам", долг 225 метри, се укотвил на германскиот остров Лангеог, а властите внимателно следат било какви знаци на излевање на нафта .
Бродскиот екипаж од 22 членови е безбедeн. Бродот не пренесувал никаков товар, но во танкерот имало речиси 2.000 тони гориво, наведуваат германските медиуми.

No comments

Powered by Blogger.