Немилосрден напад: Бел тигар залутал во погрешен кафез - и немал шанси против овој ѕвер

Пишува: Точка

Во шокантната видео-снимка, бел тигар лежи на земјата, додека неговите роднини од Бенгал немилосрдно го напаѓаат.

Еден од бенгалските тигри дури и ги зарил забите во ногата на белиот тигар.
Откако завршиле со нападот, бенгалските тигри се повлекле, но изгледа дека штетата била веќе направена. Крвавиот бел тигар лежел на земјата, додека посетителите на Националниот парк Бангаргат во Индија се обидувале да викнат помош.

Нападот се случил на 17. септември - а белиот тигар им подлегнал на повредите. Бенгалските тигри нападнале уште едно животно, но тоа успеало да побегне.



"Отворивме истрага за да дознаеме што довело до несреќата", рекол Сантош Кумар, директор на паркот. "Другит тигар е добро и нема брутални повреди", додал тој.

No comments

Powered by Blogger.