Европа преплавена од движења кои бараат поголема автономија или отцепување од државите - се споменува и еден регион на Балканот


Пишува: Точка

Случајот Каталонија го отворил прашањето кое би можело да предизвика слични ситуации во други европски земји, односно на места каде постојат амбиции за поголема автономија или пак отцепување.

Guardian анализирал во кои европски земји би можела да се повтори Каталонија, односно каде постојат амбиции за осамостојување или поголема автономија.

Кога станува збор за источна Европа, прва на листата е - Истра. Има 208.000 жители, односно 4,9 проценти од вкупниот број на жители на Хрватска. "Партијата ИДС сака поголема регионална автономија и децентрализација во целата земја, посебно Истра, регион кој се протега до Словенија, а чии граници не биле јасно дефинирани од распадот на Југославија во 1991-та година".



"Референдумите за поголема регионална автономија, кои овие денови се спроведени во Италија, се одличен европски модел кој би можеле да го примениме и во Хрватска", истакнал пратеникот Иван Јаковчиќ, откако биле спроведени референдуми во Ломбардија и во Венето.

Покрај Истра, во овој дел од Европа, автономија во Чешка бара и една мала непарламентарна партија за Моравија.



Јужна Европа е најподелена

Најмногу барања за самостојност има во јужна Европа, посебно во Италија. Таму се покраините Ломбардија и Венето, каде неодамна бил спроведен референдум за регионална автономија, а тука сè уште и Сицилија и Јужен Тирол.

Во Шпанија, покрај Каталонија, отцепување бара и Баскија. Баскиските националисти се борат за единство од 19-от век, а борбите станале помалку крвави откако милитантната група ЕТА објавила дека престанува со насилните акции. Баскија добила поголема автономија, но Мадрид ги отфрла поголемите барања на сепаратистите.

Во Франција поголема автономија бара Корзика, а тоа трае од 60-тите години од минатиот век. Партијата која се бори за автономија има 24 од 51-но место во регионалниот парламент.



Шкотланѓаните веројатно одат на нов референдум

Во Западна Европа најизразени се амбициите за осамостојување на Северна Ирска, Шкотска и Велс од Обединетото Кралство. Шкотска пред 3 години одржала референдум за самостојност, а по Брегзит, премиерката Никол Стурџон најавила дека веројатно ќе биде одржан нов.

Во Белгија поголема автономија бараат движењата во Фландрија и Валонија.

Најмала поделба има на северот на Европа, каде независност од Данска бараат Фарските острови, кои сакаат да бидат самостојна држава.

No comments

Powered by Blogger.