Два хороскопски знаци кои ќе останат доживотно заедно

Од сите 144 можни хороскопски комбинации, оваа е најидеалната од сите и за нив се вели дека ќе останат цел живот еден покрај друг, без оглед на сè. Кај нив страста е видлива уште од километар и едноставно не можат да се одвојат еден од друг.

Пишува: Црнобело

Станува збор за жената Скорпија и мажот Бик.

Нивната врска е испреплетена со многу страст. Всушност, нив ги движи страста, романтиката и отвореното безрезервно предавање кон партнерот. Во целост се опседнати со љубовта откако еднаш ќе ја пронајдат.

Скорпијата и Бикот се две спротивности кои не можат да се одвојат еден од друг. Нивната хемија и меѓусебна поврзаност е толку видлива, дури и за обичен набљудувач.

Скорпијата го обожува фактот што Бикот е некој кој не може лесно да се задоволи, а тоа е предизвик достоен за некој како неа.

Бикот пак во љубовната врска особено многу внимание обрнува на физичкиот контакт и цели кон постигнување емотивна сигурност, така што Скорпијата која зрачи со привлечност и која од љубовта очекува вртоглава страст во целост му одговара на потребите на Бикот.

Особено важно во поглед на одличното согласување помеѓу двата знака е што Скорпијата тежнее кон тоа да биде секогаш реална, а Бикот е еден од најприземјените знаци во Зодијакот.

Двајцата се хедонисти и уживаат во големи и мали задоволства подеднакво, а ја обожаваат и топлината на домот како и крајот на денот, односно гледањето на зајдисонцето со чаша вино во рацете.

No comments

Powered by Blogger.