По една година решено убиството на српската пејачка: Вучиќ: Такви монструми заслужуваат најстрашна казна!

Пишува: Точка

Српската полиција во петокот навечер уапсила едно лице осомничено за убиството на пејачката Јелена Марјановиќ, кое се случило пред една и пол година. Српските медиуми неофицијално дознаваат дека во полициската станица завршил нејзиниот сопруг Зоран.

Интересно, Зоран Марјановиќ неодамна влегол во реалното шоу "Задруга", за да ја раскаже вистината за себе и убиството на својата сопруга, а кога излегол од шоуто полицијата му ставила лисици на рацете под сомнение дека ја убил Јелена.


Убиството на Јелена Марјановиќ една и пол година ги окупира насловните страни на сите српски весници, посебно на таблоидите. Кружеле разни теории за тоа кој и пресудил на фолк пејачката, но на крајот би можело да се каже дека одговорот на тоа прашање полицијата го имала "пред нос".



Пејачката била убиена на почетокот на април минатата година на еден насип во Белград. Тепана била со тап предмет до смрт. Исчезнувањето на пејачката го пријавил токму нејзиниот сопруг, кој на кобниот ден исто така бил на насипот, пред Јелена да оди на трчање, кога и се изгубила секаква трага.



Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на отворањето на источниот крак на Коридорот 10 не можел да го избегне прашањето кое во петок навечер прелетало низ Србија со брзина на светлината, а се однесува на апсењето на Зоран Марјановиќ.



"Мора да напредуваме во секоја смисла, вакви работи повеќе да не ни се случуваат. Посебно нападите на жени. Ова убиство, фотографија од жена главата на несреќната жена, череп пробиен неколку пати...Монструмите кои го прават тоа, заслужуваат најстрашна казна", рекол Вучиќ и додал дека страшен е секој обид за покажување на симпатии кон некој што е способен да ја убие мајката на своето дете.



Тој порачал дека жртвите мора да се заштитат.



"Јас со радост би потпишал закон кој предложува уште построги казни", заклучил тој.

No comments

Powered by Blogger.