Разорен земјотрес го погоди Мексико: Голем број на загинати, се појавија и првите морничави снимки

Пишува: Точка

Силен земјотрес синоќа го погоди јужниот дел на Мексико, соопштија од американскиот Геолошки институт - епицентарот бил во близина на главниот град Мексико Сити.

Најмалку 42 лица загинаа во централната мексиканска држава Морелос, соопштија мексиканските власти, додека според некои други извори, бројот на жртви изнесува над 80. Земјотресот се случи на годишнината од земјотресот од 1985-та година кој што му нанесе огромна штета на главниот град на Мексико кога животот го загубија над 10 илјади луѓе.

Епицентарот се наоѓал на осум километри југоисточно од градот Атенсинго во државата Пуебла на длабочина од 51 километар. Луѓето масовно бегале од своите куќи, станови и работните места. На видео снимките може да се види како на улиците владее масовна паника додека зградите се рушат.

Според последните информации, главниот град Мексико Сити бил погоден од земјотрес со јачина од 7,2 степени по Рихтеровата скала, а претседателот на државата, Енрике Пења Нието потврди дека 27 згради биле срушени само во главниот град.

Претседателот итно го свикал националниот одбор за итни случаеви за да биде проценета штетата. Аеродромот во Мексико Сити ги стопирал сите летови, а националната берза го сопрела тргувањето. Се проценува дека најмалку 3,8 милиони луѓе останале без електрична енергија.

Итните служби ги предупредуваат жителите на Мексико Сити да не пушат цигари затоа што можно е да има пукнати цевки за гас.

Сместен на три тектонски плочи, Мексико е една од сеизмолошки најактивните земји на светот. Движењето на тие плочи предизвикува земјотреси и дури и вулкански ерупции. И претходно во текот на овој месец, Мексико беше погоден од силен потрес со магнитуда од 8.1 степени во кој што загинаа најмалку 90 лица.

No comments

Powered by Blogger.