Девиците бараат удобност, Водолиите поддршка: Што очекува секој знак од љубовната врска?

Да, постојат и работи кои се поважни од сексот. А, што е она кое им е потребно на хороскопските знаци, за да бидат задоволни од партнерот покрај себе? Ви откриваме во продолжение.



Според астролозите, секој знак од Зодијакот има различни очекувања во врската, а тие се следните:

Овен

Страст. Овните сакаат некој да ќе ги оживее, односно посакуваат партнер кој ќе ги гледа со жар во очите, дури и после неколку години заеднички живот.

Бик

Доверба и сигурност. Биковите посакуваат партнер кој никогаш нема да се промени. Сакаат покрај себе да имаат личност, за која знаат дека нема да ги напушти.

Близнаци

Прифаќање. Сѐ што посакуваат Близнаците е да запознаат некого што потполно ќе ги разбира. Потребен им партнер кој нема ги осудува за длабоките мисли, или, пак, за мрачното минато.

Рак

Романса. Раковите сакаат романтични вечери, прошетки низ градските улици, излети на плажа. Накратко, сите клишеа кои може да ги видите во филмовите.

Лав

Компромис. Лавовите сакаат сѐ и секогаш да биде по нивно, но тоа е невозможно. Затоа, идеален партнер им е тој што ќе ги третира како колега, а не противник.

Девица

Удобност. Девиците посакуваат партнер кој секогаш ќе биде во нивна близина. Некој што ќе прави да се чувствуваат привлечно, дури и кога носат панталони за трчање и имаат коњско опавче.

Вага

Искреност и комуникација. Вагите имаат потреба од партнер што ќе им каже како се чувствува, но и со почитување ќе разговара со нив, наместо да ги осудува.



Скорпија

Среќа. Скорпиите не бараат „многу“. Сѐ што посакуваат е партнер кој во секој момент ќе ги сака во својот живот. Потребен им некој што ќе прави да се насмевнат, секојпат кога од него ќе добијат порака.

Стрелец

Простор. Стрелците сакаат независност, дури и кога имаат некој на кого може да се потпрат. Потребен им е партнер што ќе ја разбере нивната потреба за самотија, а нема да ги критикува поради тоа.

Јарец

Стимулација. Јарците имаат потреба од партнер со кого ќе водат интелектуални разговори. Некој што ќе им помогне да ги прошират своите видици и размислувања.

Водолија

Поддршка. Водолиите сакаат партнер кој ќе ги турка да ги остварат своите планови. Некој што ќе ги охрабрува и ќе верува во нивниот потенцијал.

Риби

Смеа. На Рибите им е потребен партнер кој постојано ќе ги засмејува. Всушност, во саканата личност посакуваат да го запознаат и својот најдобар пријател.

No comments

Powered by Blogger.